„ЛУКОИЛ Македонија” ја наградува лојалноста на своите потрошувачи. Наградната игра им нуди можност на своите потрошувачи и членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, со собрани минимум 4 поени на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или мобилната апликација, да добијат вредни награди. Доколку не сте, време е да станете дел од најдобрата Програма за лојалност.
За наградната игра „Собери 4 поени на твојата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и освој вредни награди”.
Учество во наградната игра на „ЛУКОИЛ Македонија” ќе можат да земат сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ програмата за лојалност, кои во периодот на времетраење на наградната игра ќе соберат минимум 4 поени на својата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и ќе испратат СМС порака на бројот 14775, со следнава содржина: БРОЈ НА СЛИП–СМЕТКА (празно место) LUKOIL (празно место) ВРЕМЕ НА ИЗДАВАЊЕ НА СЛИП – СМЕТКА (пример на формат за СМС порака:12345 LUKOIL 16:03). Цената на СМС пораката е 5,9 денари со вклучен ДДВ.
Наградната игра трае од 24.10.2022 година до 25.12.2022 година. Во тој период ќе бидат доделени вкупно 1 ваучер за патување во вредност од 250.000 денари, 8 ваучери за пнeвматици во вредност од 12.000 денари, 32 ваучери за гориво во вредност од 3.000 денари и 20 ланци за гуми.
– Снабдувањето со гориво со постојан и сигурен квалитет и високото ниво на услуги за задоволување на потребите на клиентите е дел од нашата долгогодишна стратегија. Оцена за нашето успешно работење е задоволството на нашите корисници. Постојано работиме во насока на создавање доверба и градење лојални односи со корисниците. Затоа, и оваа година обезбедивме вредни, корисни и атрактивни награди, како директна благодарност за користењето на нашите услуги. На сите учесници во наградната игра им посакувам среќа! – изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
Извлекувањето ќе биде по случаен избор, секоја втора недела, при што ќе се доделуваат награди за среќните корисници, додека, пак, на последното извлекување на 26.12.2022 година ќе биде извлечена главната награда – ваучер за патување во вредност од 250.000 денари. Во секое двонеделно извлекување ќе се извлекуваат кодовите пратени во периодот од две недели меѓу извлекувањата, а сите пратени недобитни кодови ќе бидат во игра за главната награда.
Добитниците на награди од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето во дневниот весник „Нова Македонија“.
Деталите и правила на наградната игра можете да ги најдете на www.lukoil.com.mk, а до нив може директно да се пристапи на овој линк. Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на 072/917-005, каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 9 до 17 часот.
Она што е важно за сите корисници што ќе учествуваат е дека треба да ги чуваат слип-сметките од кодовите што ќе ги пратат, со цел да ги прикажат како доказ при освојување една од наградите.
На сите членови на ЛУКОИЛ КЛУБ им посакуваме среќа. Добриот избор секогаш води кон вредни награди!
Комерцијална објава