Фото: Принт-скрин

На барање на официјален Киев МААЕ се подготвува во следните неколку дена да испрати инспектори кои ќе треба да испитаат две локации во Украина, како одговор на руските тврдења дека Украина може да употреби „валкана бомба“, што украинското раководство  го  негираше.

– Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е запознаена со изјавите на Руската Федерација за наводни активности на две нуклеарни локации во Украина – наведе  МААЕ вчера преку соопштението.

Агенцијата на ОН додаде дека двете локации веќе биле предмет на нејзини инспекции, а едната од нив пред еден месец.

– МААЕ се подготвува да ги посети тие локации во наредните денови – се додава во соопштението.

Русија ја обвинува Украина дека може да употреби „валкана бомба“ и потоа за тоа да ја обвини Москва.

Киев го негираше ова обвинување и тврди дека тоа е знак дека самата Москва планира таков напад и дека планира за тоа да ја обвини Украина.