Министрите за одбрана на Русија и Франција, Сергеј Шојгу и Себастиен Лекорну денеска телефонски разговараа за ситуацијата во Украина, која, како што се оценува, „се стреми кон натамошна неконтролирана ескалација“, соопшти руското МО.
Како што е наведено, Шојгу му ја пренел на својот француски колега Москва загриженоста дека Украина може да „изведе провокации со употреба на валкана бомба“.
Валканите бомби се направени од конвенционални експлозиви, но нивните јадра се опкружени со радиоактивен материјал.
Министерот за одбрана пред два дена телефонски разговарал за ситуацијата во Украина со американскиот колега Лојд Остин. Пентагон соопшти дека за време на разговорот Остин ја истакнал потребата од зачувување на каналите за комуникација со Русија.