Русија утринава објави дека нејзините сили одбиле обид на Украина да ја заземе нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.
Битката во близина на нуклеарната централа траела неколку часа, објави руската агенција РИА.
Руските сили ја окупираа нуклеарната централа Запорожје во март и оттогаш ја контролираат. Русија и Украина со месеци меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа околу нуклеарната централа.
Нуклеарните експерти предупредуваат на ризикот од оштетување. Само овој месец во нуклеарната централа три пати снемало струја.