АД ЕСМ вчера произведе 12.660 мегаватчасови електрична енергија, информираа од Владата. Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 мегаватчасови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 мегаватчасови.
– ЕСМ вчера целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12 октомври за продажба на 1.200 мегаватчасови вишоци на електрична енергија за периодот 13 – 18 октомври 2022 година со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 мегаватчасови. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас – информираат од Владата.