НАЈПЛАТЕНИ КОШАРКАРИ ВО НБА СПОРЕД „ФОРБС“

Откако освои четири титули во кошаркарската НБА-лига и четири награди МВП (најкорисен играч), да не зборуваме за заработка од 1,2 милијарда долари во кариерата, Леброн Џејмс нема што да докажува, но, додека 37-годишната суперѕвезда на Лос Анџелес лејкерс влегува во својата 20-та професионална сезона, тој уште пробива бариери, пишува „Форбс“. Во јуни, Џејмс стана првиот активен спортист што доби сертификат за милијардер од „Форбс“, што даде одредена тежина на неговата изјава минатата недела дека се надева дека ќе стане сопственик на тим за проширување на НБА во Лас Вегас. Сезонава има шанса да го помине и легендарниот Карим Абдул-Џабар за рекорден број поени во кариерата на НБА.

Со бруто-заработка од 124,5 милиони долари во периодот 2022-2023 година за плата на теренот и годишни примања надвор од теренот од такси за лиценцирање и други деловни потфати, Џејмс ќе биде најплатениот НБА-играч досега, надминувајќи ги проценетите 121,2 милион долари што ги заработил во текот на 12-те месеци до мај, пишува „Форбс“. Ова е негова деветта година по ред на врвот на рангирањето за заработка во кошарката, а тој е пред Стивен Кари на второто место, бекот на Голден стејт вориорс, за 29,4 милиони долари, пишува „Форбс“. Во комбинација, десетте најплатени играчи во НБА ќе соберат 751 милион долари пред даноци и такси за агенти, што е за пет проценти повеќе од минатогодишниот рекорд од 714 милиони долари и извонреден пораст од 122 отсто од пред десет години.

Во голема мера благодарение на профитабилните зделки за патики, кои можат да надминат 20 милиони долари годишно во случаите на Џејмс, Кари и на Кевин Дурент од Бруклин нетс, првите десет треба да заработат околу 330 милиони долари надвор од теренот, што е најдобрата бројка за која било спортска лига, десетте што најмногу заработуваат во НФЛ ќе комбинираат 120 милиони долари сезонава, проследено со 15 милиони долари објавени од МЛБ и од НХЛ, а дури ни фудбалот не може да се споредува, со десетте најплатени играчи во светот со вкупно 208 милиони долари надвор од теренот, според процените на „Форбс“.