Фото: З.А.

Пред голем број љубители на уметноста во Центарот за култура во Кичево, беше отворена изложба на дела изработени на осмата по ред „Младинска керамичка работилница“ во село Вранештица.

Изложбата за отворена ја прогласи .директорката на Домот на културата, Албулена Демири Зендели, која нагласи дека делата од оваа керамичка работилница потврдуваат дека младите таленти од средните училишта од Кичево брзо ги совладуваат тајните на изработка на производи од глина.

Таа нагласи дека покрај во Кичево делата од осмата „Младинска керамичка работилница“ ќе бидат претставени и во повеќе градови од републикава.На годинешната работилница во Вранештица зедоа учество 15 ученици од кичевските средни училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“.

Менторите на учениците професорите од кичевските средни училишта беа задоволни од спретноста на младите вајари кои со многу идеја и желба ги создаваа керамичките форми.

Фото: З.А.

-На годинешната „Младинска керамичка реботилница“покрај учениците кои за прв пат зедоа учество имавме ученици кои по втор и трет пат беа дел од работилницата.Со секое наредно учество на оваа работилница кај младите таленти видлив е напредокот и храброста да седнат и на грнчарското колце. Повеќе и оваа гранка не претставува табу тема за учениците кои се целосно посветени во креирањето на керамички форми – рече менторот, професорот Мирослав Крстески, кој предложи керамичката работилница наместо три дена да трае минимум пет дена, што ќе придонесе младите уште повеќе да навлезат во тајните на грнчарството.

З.А.