Фото: Џо Бајден/инстаграм
Во телефонски разговор синоќа, американскиот претседател Џо Бајден му вети на претседателот Володомир Зеленски продолжување на “континуираната поддршка за Украина потребна за нејзина одбрана, вклучувајќи и напредни системи за воздушна одбрана”, се наведува во изјавата од Белата куќа.
  

Во разговорот Бајден “изрази сочувство за блиските на убиените и ранетите во овие жестоки напади”.

– Тој, исто така, го подвлече неговиот тековен ангажман со сојузниците и партнерите за Русија да плати висока цена и да се повика на одговорност за своите воени злосторства и ѕверства – соопшти Белата куќа. 

Откако зборуваше со Зеленски, Бајден твитна дека “воздушната одбрана сега е приоритет број 1 во нашата одбранбена соработка”.