Вкупно 14 децa од претшколска возраст се повредени во напад со нож во западниот кинески град Чонгкинг, соопшти локалната полиција.

Во врска со нападот е уапсена 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож пред градинката „Нов век“, соопшти полицијата.

Повредените деца биле однесени во болница, а случајот се истражува.