Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Западот создава сѐ повеќе проблеми, спроведувајќи ја својата политика на диктат во сите области.
– Цврсто држејќи се за минатото и обидувајќи се да спроведе диктаторска политика во сите сфери, од меѓународните односи и економијата до културата и спортот, овој вид колективен Запад создава сѐ повеќе проблеми и кризи. Тие вршат притисок врз оние земји што сакаат да го следиме суверениот пат на развој – рече рускиот лидер на средбата со шефовите на разузнавачките служби на Заедницата на независните држави (ЗНД), пренесе ТАСС.
Путин изјави дека Западот е подготвен да ја „фрли секоја земја под автобус“ и да ја претвори во почва за кризи, да предизвика обоени револуции и масакри.