Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено на исток и во југоисточните делови процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на краткотрајно невреме со порен дожд, чести грмежи и засилен ветер.
-И во делови од Скопската котлина утре кон крајот на денот и вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилност со појава на пороен дожд проследен со грмежи – информира УХМР.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.