Вооружен маж отвори оган кон автобус во близина на Стариот град во Ерусалим рано утринава и рани осум Израелци.
Локални медиуми пишуваат дека постои сомнение дека извршителот е Палестинец, една недела откако избувна насилството меѓу Израелците и милитантите во Газа.
Две од жртвите се во тешка состојба, според израелските болници каде се пренесени повредените. Оган бил отворен кон автобусот додека чекал на паркинг во близина на Западниот ѕид, кој се смета за најсвето место каде Евреите можат да се молат.
Осомничениот и се предал на полицијата, која засега не соопштува детали за неговиот идентитет.