Бугарија

Градскиот суд во Софија даде зелено светло партиите Бугарски подем на Стефан Јанев и Продолжуваме со промената на Кирил Петков да се запишат во регистарот на политички партии. Поранешниот вршител на должноста премиер на Бугарија минатата година, Стефан Јанев, пред речиси два месеца одржа основачки состанок на партијата Бугарски подем.
На последните парламентарни избори, Кирил Петков и Асен Василев учествуваа со регистрациите на партиите ВОЛТ, Средна европска класа и Социјалдемократи, бидејќи технички немаа време да ја регистрираат својата партија
Јанев, во бугарската четирипартиска влада на премиерот Кирил Петков, беше министер за одбрана, но беше принуден да ја напушти функцијата поради своите изјави поврзани со руската агресија врз Украина. Уште првиот ден од руската инвазија врз Украина, Јанев го употреби терминот „операција“ наместо војна на Русија во Украина.
Рокот за пријавување во ЦИК за претстојните избори во Бугарија на 2 октомври е 17 август. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одржа средба со Централната изборна комисија, на која повика на поголема доверба на јавноста во изборниот процес и гласањето.