Засега нема потврден случај на мајмунски сипаници во земјава. На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Министерство за здравство.
На оваа клиника е примен пациент од кичевската болница кој е суспектен и е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање за мајмунски сипаници.
– Во моментов се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета. До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај на мајмунски сипаници – посочуваат оттаму.