Фото: Принтскрин

Автобус со полски регистарски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб, а според првичните информации загинале 11 лица, а 34 се повредени, јавуваат хрватските медиуми.

– 11 лица загинаа, а другите повредени се пренесени во болниците во Загреб и Вараждин. Интервенцијата е завршена, сè уште има дежурни пожарникари, изјави жупанискиот противпожарен наредник Жељко Наѓ, пренесува Вечерњи лист.

На првите фотографии и видеа од местото на несреќата се гледа како расфрланите делови од возилото и екипите на итната помош ги извлекуваат повредените на носилки.

Сите настрадани во автобуската несреќа во Хрватска се полски државјани, соопшти полското МВР

Според неофицијални информации, тешката сообраќајна несреќа настанала поради тоа што возачот заспал на воланот.

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Хрватска

 

Министерот за внатрешни работи на Хрватска Давор Божиновиќ потврди дека во болница починало уште едно лице од автобусот со полски регистарски таблички кој утрово излетал од автопатот и бројот на жртви сега изнесува 12.

-Автобусот патувал од место во близина на Варшава. Според некои информации, станува збор за група која планирала да оди на аџилак во Меѓугорје – рекол Божиновиќ на прес-конференцијата.

Одговарајќи на прашањето за тоа колку возачи имало, односно дали се меѓу повредените, тој рекол дека „тоа е дел од информациите кои се уште се утврдуваат”.

-Според тоа што луѓето на терен можеа да го утврдат, нема деца. Според тоа што можевме да го утврдиме, таму немало деца – рекол Божиновиќ и нагласил дека меѓу тешко повредените има такви кои се борат за живот, како и дека нема такви кои минале без повреди.

Директорот на хрватскиот Завод за итна медицина Маја Грба Бујевиќ рекла дека 11 лица загинале на самото место. Таа навела дека постои можност уште некој да е заробен под автобусот, но дека се надеваат дека тоа не е случај.

Се чека и листата на патници.