Иако лекарите во прв момент мислеа дека повредата на Меси не е сериозна по страшниот пад синоќа во дербито ротив Севиља(4:2), депак дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за тешка повреда.
Аргентинецот, откако во 2 минута му асистираше на Кутињо за 1:0, а во 12 минута и самиот се запиша во листата на стрелците, во 16 минута незгодно падна на раката во дуелот со Фран Васкез и почна да се превиткува.
Помош на теренот му се укажуваше неколку минути, по што со завиткана рака го напушти натпреварот.
Според првичните информации, Меси претрпел полесна фрактура на лактот и ќе паузира три недели.
Тоа значи дека Аргентинецот ќе го пропушти двобојот со Интер во ЛШ и „ел класико“ со Реал Мадрид следната недела, што ќе му биде првото пропуштено „Класикот“ по 2007 година. Се очекува на терен да се врати на 11 ноември, во мечот против Бетис.