Ортопедскиот хирург, д-р Тодор Ношпал, почина на 60-годишна возраст.
Тој беше раководител на коскена банка, раководител на амбулантно-поликлиничкото одделение, раководител на отсекот за тотални протези на колк, колено и ревизии на тотални протези, раководител на одделението за алоартропластика на колено и ревизии на ендопротези.
На последните локални избори одржани минатата година тој беше кандидат на Интегра за градоначалник на Скопје.
Извесен период беше и доктор на македонската кошаркарска репрезентација.