Објавен е поширок список на кандидатите за годинешната Букерова награда, а на неа се најмладиот и најстариот автор што досега биле во конкуренција, а тука е и најкраткиот роман што е номиниран откако постои оваа награда.
За Букеровата награда беа пријавени 169 книги, а пет судии одлучуваа кој ќе влезе во поширокиот избор. Тие избраа 13 дела, од кои три се дебитантски романи, а има книги од најмладата номинирана авторка (20-годишната Лила Мотли) и најстариот номиниран автор (87-годишниот Алан Гарнер).
Друг рекорд што беше соборен е за најкраток роман, а тоа е книгата „Вакви мали нешта“ од Клер Киган, која има 116 страници. Судиите изјавија дека сите книги од поширокиот избор се одлично напишани, без разлика на жанрот, и дека тие го прошируваат нашето разбирање за тоа што може да направи јазикот во печатена форма.
Поширока листа на кандидати:
Одри Маги – „Колонија“
Селби Вин Шварц – „По Сафо“
Новајолет Булавајо – „Слава“
Клер Киган – „Вакви мали нешта“
Лила Мотли – „Ноќно ползење“
Меди Мортимер – „Мапи на нашите спектакуларни тела“
Грем Макра Барнет – „Студија на случај“
Алан Гарнер – „Трикл Вокер“
Персивал Еверет – „Дрвјата“
Хернан Дијаз – „Доверба“
Шихан Карунатилака – „Седумте месечини на Маали Алмеида“
Елизабет Страут – „О, Вилијам!“
Карен Џој Фаулер – „Бут“
Скратениот список ќе биде објавен на 6 септември, а добитникот на наградата ќе биде објавен на 17 октомври.