Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос синоќа на Твитер објави реакција во врска со гласањето на уставните измени во македонското Собрание, на која реагираше и портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски.
Ποιός θα φανταζόταν ότι στην Ευρώπη των αξιών και της δημοκρατίας οποίος δεν ψηφίζει κατά τις εντολες προφυλακίζεται και οποίος συμμορφώνεται παίρνει μπόνους 2.000.000€ μαύρο χρήμα. Ντρέπομαι
— Panos Kammenos (@PanosKammenos) October 19, 2018
– Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократија тие што не гласаат според наредбите се затворани, а послушните добиваат бонуси од два милиони евра црни пари. Засрамен сум, објави Каменос на Твитер.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски пак му возврати на Каменос, дека шири лажни вести кои веќе официјално ги негираше Владата.
Dear Mr. Kammenos , please be informed that you have shared fake news already officially denied by our Government. In the spirit of democracy and good diplomacy lets work for the friendship between our countries.
— Миле Бошњаковски (@portparolVRM) October 19, 2018
-Почитуван, господине Каменос, бидете информирани дека споделувате лажни вести кои официјално ги негираше нашата Влада. Во духот на демократијата и добрата дипломатија, ајде да работиме на пријателство меѓу нашите земји- возврати Бошњаковски.