Изложбата на дигитални цртежи насловена „Мината иднина“ од Игор Поп Трајков е отворена во галеријата „Ко-ра“, во домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје. Кураторка на овој проект е Виолета Калиќ, историчарка на уметноста и стручна соработничка за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на културата. Калиќ е и авторка на рецензијата во каталогот кон изложбата.
Ова е трета самостојна изложба на авторот Игор Поп Трајков во која уметникот повторно го истражува светот на дигиталните слики. Неговата тематска преокупација се минатото што никогаш не станало иднина и иднината што никогаш не била минато. Тој истражува варијации на историски, психолошки и теми од историјата на уметноста.
Наедно активно е присутен и во сферата на поезијата, прозата, тој е и познавач на визуелните уметности, а особено филмската и драмска уметност и своите инспирации ги преточува во дигитални цртежи, колажи како дел од визуелната уметност.