ЕХФ

Пред еден месец, Барселона го освои трофејот во Лигата на шампионите (ЛШ) за мажи, Кристијансанд го освои првото место во ЛШ за жени, а ждрепката за ЛШ на 1 јули го означи официјалниот почеток на новата сезона, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својата интернет-страница. Претседателот Михаел Видерер најавува нов проект на ЕХФ.
– Почнувајќи од сезоната 2022/2023 ќе ги ставиме ракометарите уште повеќе во фокусот, бидејќи ќе ја промовираме наградата „Играч на годината“. Оваа награда е поставена да ги почитува достигнувањата на играчите во текот на целата сезона и ќе кулминира со гала-настан на крајот на сезоната на кој ќе се прославуваат најдобрите во сезоната – рече Видерер, пренесе ЕХФ.