Еден полуписмен министер на барање на друг полуписмен и пион, донел полиција од цела Македонија пред и во Собранието и демонстрира сила. Првиот, полуписмениот, е послушник на вториот пион, кој откако наводно одби предлог што го немал видено, после го прифати на невидено и глуми визионер и загрижен државник, а во суштина е обичен предавник на македонскиот народ, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница.
Ковачки истакна дека тој пион премиер, повикувајќи се бугарските шовинистички барања, го понижува македонските гробови на знајните и незнајни јунаци од македонското славно револуционерно минато.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема да има промена на Устав, а пионот инсталиран како премиер и кој е донесен со единствена задача за довршување на отпочнатото предавство од неговиот претходник Зоран Заев, за обезличување на македонскиот народ нека се свест нека се свести дури е време, оти прифатил промена на Устав, не мислејќи на последиците.
– Исто како што и неговиот газда не мислеше кога го потпишуваше Договорот со Бојко во 2017 година. И видете ја фарсата и парадоксот – пионот ни доставил информација на еден лист хартија по која треба да дискутираме, што не е во надлежност на Собранието туку е во надлежност на Владата, значи Собранието не гласа за францускиот предлог туку за некаков лист хартија – известување, а од друга страна истиот тој пион, како владин функционер, прифатил промена на Устав што е во надлежност на Собранието – рече Ковачки.
Тој нагласи дека Владата ниту си ги знае своите, ниту ингеренциите на Собранието. Потенцираше дека Македонија ја водат интелектуално инфериорни, уценети криминалци на кои не им се процесуираат кривичните пријави, односно тоа се лица без никаков кредибилитет или познавање од областите кои им се доверени.
– Начекаа меко ткиво го препознаат поданичкиот менталитет кај оваа власт. Денеска СДСМ имаат национално неосвестени пратеници, клиентелисти чиј личен интерес е многу поважен од Македонија. Но, среќа е што СДСМ не е Македонија. Македонија има синови и ќерки кои секојдневно излегуваат и гласно кажуваат не на асимилацијата по бугарски терк. Македонија има синови и ќерки кои се решени до крај да си го бранат своето. Ние, Македонците туѓото не го сакаме, но своето не го даваме. И сме подготвени да се бориме до крај – изјави тој.
Ковачки порача дека нема промена на Устав по бугарски диктат и без гаранции за Македонците.
– Доста си игравте со Македонија. Слушнете го гласот на народот, Зошто и го прават ова на државата и народот и државата кога знаат дека почеток за преговори нема да има. Дојдоа со агенда за живот и економија, а се занимаваат со продажба на најсветото. Совет за премиерот, прво народот те плаќа да ги браниш неговите интереси, а не да ги распродаваш, а второ ќе скапеш во затвор. Имате време да кажете не, на вас останува – изјави Ковачки.