ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Магнус Корт го победи Николас Шулц во фотофиниш за триумф на 10-та етапа на велосипедската трка Тур де Франс, откако климатските активисти принудија 10-минутно запирање на трката, објави „Би-би-си“. Трката беше прекината на 36 километри од целта додека демонстрантите седеа на патот.
Во возбудливата завршница на етапата, Корт го надмина Шулц и тесно победи. Тадеј Погачар ја задржа жолтата маичка за водство во генералниот пласман, со предност од 11 секунди пред Ленард Камна, кој беше во групата од 25 велосипедисти што успеаја да се пробијат на 80 километри пред целта.
Во еден момент, Камна го имаше виртуелното водство на трката, бидејќи предноста пред пелотонот се зголеми на повеќе од девет минути, пишува „Би-би-си“.
Пласман по 10 етапи: Тадеј Погачар 37 часа, 11 минути, 28 секунди, Ленард Камна (плус 11 секунди), Јонас Вингегард (39 секунди), Герент Томас (1:17 минута), Адам Јејтс (1:25 минута) итн.