Традиционалната мото-парада која што вечерва во Кичево, по повод патрониот празник на градската црква „Свети Петар и Павле“, се одржа доцна попладнево кога над 200 мотоциклисти од сите возрасти и од обата пола учествуваа на оваа мото- парада која побуди голем интерес кај граѓаните на Кичево кои во голем број излегоа на улиците за да ги поздрават мотоциклистите.
-По пауза од две години, поради короната ,вечерва по повод Петровден, патрониот празник на црквата„ Свети Петар и Павле“ во Кичево, се одржа осмата по ред мото- парада на која зедоа учество рекорден број над 200 мотоциклисти од нашиот град. Помеѓу мотоциклистите имаше и одреден број припаднички на понежниот пол, а според возраста мотоциклистите беа на возраст од 18 па до над 60 години. Радува фактот што Петровденската мото- парада беше поздравена од голем број граѓани на Кичево кои со аплаузи го проследија годинешното мото- дефиле. Ова уникатно одбележување на патрониот празник на црковниот храм во нашиот град е традиција која добива се повеќе приврзеници во градот – вели Владо Личовски, зачетник на оваа мото парада.
З.A.