За првпат КУД „Бисер“ Кичево зеде учество на Меѓународниот фолклорен фестивал што по 20-ти јубилеен пат се одржа во Младеновац, Србија. Кичевските фолклористи имаа четири настапи на фестивалот, со веќе познати ора и орски сплетови.
– За првпат нашето Културно уметничко друштво учествуваше на Меѓународен фолклорен фестивал што по 20-ти јубилеен пат се одржа во Младеновац Србија. Покрај нашето фолклорно друштво како гостин од Македонија, на фестивалот настапија и друштва од Србија, Молдавија, Мексико и Тунис. Во четирите дена колку што престојувавме во овој град настапивме на исто толку концерти, а во нашата програма беа застапени ората Копачија, Пијанец, Истерување на чумата, Лазаренки и Ѓурѓовден. На сите четири настапи имавме одлична посета од страна на љубезните домаќини – изјави претседателот на КУД „Бисер“ Кичево, Младен Ванчоски.
Тој нагласи дека фестивалот започнал со дефиле на друштвата на главната улица во Младеновац, каде учесниците на фестивалот биле поздравени од повеќе иљади граѓани. З.А.