Поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд Кен Рогоф изјави дека речиси е невозможно американските Федерални резерви (ФЕД) да ја намалат инфлацијата без да ја втурната американската економија во рецесија.
– ФЕД мора брзо да одлучат, или брзо ќе ја намалат инфлацијата или ќе нè турнат во рецесија. Мислам дека тие само кажуваат дека ќе ја намалат инфлацијата – истакна Рогоф.
Тој вели дека е лут поради тоа што се случува со економијата.
– Мислам дека ова не мораше да се случи. Предолго ја притискаме педалата за гас – наведе професорот по економија на Универзитетот Харвард
Рогоф, исто така, ги посочи проблемите во синџирите на снабдување и војната во Украина како дополнителни причини за инфлациската криза, што според него е поголем предизвик отколку што мислеше ФЕД.
– Мислам дека треба да се движиме бавно, да оставиме инфлацијата да остане висока неколку години и да го решаваме проблемот побавно. Нема лесен излез од ова – потенцира Рогоф.