Силно невреме кое беше проследено со силен ветер, дожд и со град, попладнево зафати делови од Скопје.
Голем дел од улиците беа под вода, а дел од нив не беа достапни за сообраќај.
Низ градот има откорнати и паднати дрва, а дел од нив имаат направено штета на паркирани возила.
Според објавите на граѓани на социјалните мрежи, невремето најсилно го погодило централното градско подрачје и делови од населната Чаир.