Џулијан Асанж побарал дозвола да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД, откако британската министерка за внатрешни работи Прити Пател минатиот месец го одобрила неговото протерување, јави „Би-би-си“.
„Би-би-си“ доби официјална потврда дека барањето на основачот на Викиликс е доставено до Вишиот суд во Лондон.
Американските власти го бараат Асанж поради документите објавени во 2010 и 2011 година, за кои САД тврдат дека загрозија многу животи. Станува збор за документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.
Асанж имаше рок до денес да одлучи дали ќе поднесе жалба на одлуката за екстрадиција.
Основачот на Викиликс е во лондонскиот затвор Белмарш.