Албанија
Подготвил: Митко Јовановски
Премиерот на Албанија, Еди Рама, најави дека ќе ги укине сите царински такси за Косово, почнувајќи од земјоделските производи.
– Направивме план за укинување на сите царински такси за производи од Косово, целосно ќе ги елиминираме. Сакаме тоа да биде билатерално со Владата на Косово – рече Рама.
Тој додаде дека е бесмислено Албанија да ги укинува царините за земјите-членки на „Отворен Балкан“, а да ги задржи за Косово.
– Од 1 јуни до 30 септември, секој викенд и празнични денови, државјаните на Косово и на Албанија ќе го поминуваат граничниот премин без да има потреба да бидат евидентирани од граничните органи – изјави Бледи Чучи, министерот за внатрешни работи на Албанија.
Според него, овој договор ќе биде потпишан за да не се создадат колони на граѓани што сакаат да ја преминат границата.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на ова додаде дека „сезонава е недозволиво да имаат проблеми како минатата или претходните години со колоните на возила и луѓе што чекаа да ја преминат границата кон Албанија“.