ЕКИПНИ СПОРТОВИ ВО ЕВРОПА ГОДИНАВА
Годинава Барселона во ракомет, Ефес Пилсен во кошарка, Про-Реко во ватерполо и ЗАКСА во одбојка од попопуларните екипни спортови за мажи ја одбранија ланската континентална титула. Годинава во неколку спорта во финалињата настапија најтрофејните екипи, како Реал Мадрид во фудбал и во кошарка, Барселона во ракомет, Про-Реко во одбојка…
Ракометарите на шпанска Барселона ја одбранија европската титула со триумфот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако на фајналфор-турнирот одигран викендов во Келн (Германија), во возбудливо финале, го совладаа полски Киелце, со 37-35, но дури по изведувањето пенали, откако во регуларниот тек беше 28-28.
Со овој успех, Барселона, која е најтрофејна во ЛШ, ја освои својата 11-та европска шампионска титула и е единствената екипа на која ѝ појде од рака да го стори тоа двапати во низа, откако во натпреварувањето се игра фајналфор-турнир (од 2010 година).
Претходно, таков успех направиле Гепинген, Гумерсбах, Гросвалштад, Металопластика, СКА Минск, Загреб и Сиудад Реал, а Барселона е единствената со пет триумфи во низа, откако освои континентални титули од 1996 до 2000 година.
Третото место сезонава го освои германски Кил (европски првак од 2020 година), кој го совлада унгарски Веспрем, исто така, по изведувањето пенали со 37-35. Барселона 16-ти пат (исто така рекорд) настапи во финалињата, а третпат по ред.
Годинава Барселона во ракомет, Про-Реко од Италија во ватерполо, Анадолу Ефес од Турција во кошарка и ЗАКСА од Полска во одбојка се клубовите што од попопуларните екипни спортови за мажи ги одбранија ланските титули во ЛШ во соодветните спортови. Згора, во четири спорта во финалињата настапија најтрофејните екипи, како Реал Мадрид во фудбал и во кошарка, Барселона во ракомет и Про-Реко во одбојка. Г.И.