Албанскиот Парламент, пред 11 јули, кога се одбележува геноцидот врз 6.838 Бошњаци, егзекутирани од српската војска, ќе расправа и ќе изгласа Резолуција за осуда на геноцидот во Сребреници, јави Топ чанел.
Текстот на овој документ не е оној што неодамна го предложи Сали Бериша, туку истиот заедно ќе го подготват владејачките социјалисти и опозициските демократи предводени од Енкелејд Алибеај.
– Седницата ќе се одржи на 7 јули, со потребната свеченост и протокол, како што му доликува на албанскиот законодавен дом. Претставник на Владата и координаторите на пратеничките групи ќе одржан пригодни обраќања. Секако документот треба да биде сериозен со кој нашиот Парламент треба јасно да ја изрази осудата и продолжувањето на консеквентните ставови на албанската Влада за неказнивоста во случајот со овој геноцид – изјави координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала.
Иако социјалистите одбија да ја одобрат нацрт-резолуцијата подготвена од приврзаниците на Бериша, во нивно име Тритан Шеху, рече дека се задоволни што Парламентот сепак ќе донесе ваков документ.
– На седницата на албанскиот Парламент за Сребреница ќе бидат поканети претставници на Владата на Босна и Херцеговина и роднини на жртвите од овој геноцид, што се смета за најстрашниот во Европа, по Втората светска војна – посочува Топ чанел.