Во Младинскиот културен центар (МКЦ), во денсинг-салата, на 16 јуни, во 20 часот, ќе се одигра претставата УПМ (Уметност – политика – мудрост), во организација на танцовото здружение „Икс на квадрат“.
Претставата е во кореографија и режија на Бобан Русески и Јована Зајкова. Дел од музиката е на Дејан Теодосиевски, во изведба на квартетот „ВИВА стрингс“, а дел е сплет на вокал и перкусии во изведба на музичарката Зарина Првасевда. На сцената ќе настапат Бобан Русески, Јована Зајкова и Сара Цветковска, Викторија Коцева, Клара Христовска и Микаела Анџела Глигорова (студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“, Катедра за современ танц), Илина Костовска и Моника Шолевска (ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Оддел за модерен танц) и Марко Младеновиќ и Наум Ѓоргиески (студенти на Факултетот за драмски уметности).
„Секој викенд истото прашање… Да одам на театар или во кафеана? Изборот е тежок, џебовите не толку многу, карта за претстава 300 ден, а грло жедно без пијачка не поминува. Е па, другари и нас ни се смачи. Додека да завршиме со работа сите кафеани испозатвориле. Па си викаме две во едно. И работа и задоволство. Ќе си ја земеме работата во кафеана. Или во случајов кафеаната на работа. Па ако сакате да се пофалите дека сте биле на театар, а всушност да се закитите со едно културолошко кафеанско искуство, елајте на претстава. Ќе има мезе, пијачки, добро друштво. И жива музика ќе има. А и ние ќе настапиме исто… – пишуваат од „Икс на квадрат“.
Цената на билетите е 300 денaри. Претставата е поддржана од Министерството за култура.