Во рамките на прославата на Денот на општината, а на покана на претседателот на општина Алексинац, Далибор Радичевиќ, и директорот на училиштето „Вук Караџиќ“ од Житковац, делегација од училиштето „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод, што ја сочинуваа градоначалникот Жарко Ристески, директорот на училиштето Тони Ставрески и наставникот Александар Станкоски, координатор на програмата Еразмус Плус, остварија повеќедневна посета на оваа српска опшина.
– Во рамките на оваа посета ги посетивме гимназијата во Алексинац, Центарот за социјална работа,Саемот за спорт а присуствувавме и на свечената акaдемија по повод Денот на општината. Во богато организирана посета најважно е што со директорот на училиштето„ Вук Караџиќ “ Миљан Диниќ од Житковац, потпишавме повелба за збратимување на двете основни училишта а на која присуствуваше и градоначалникот на збратимената општина Загорје крај Сава од Словенија – истакна Тони Ставрески, директор на училиштето од Македонски Брод.
Потпишувањето на повелбата е резултат на поврзување на двете училишта во рамките на програмата Еразмус Плус и за која се заслужни наставничката по англиски јазик од училиштето домаќин, Миљана Младеновиќ и координаторот на овој проект од училиштето од Македонски Брод, Александар Станкоски.
Житковац е населба во рамките на општина Алексинац во централна Србија. З.А.