Претседателот на Украина Владимир Зеленски оцени дека судбината на Донбас се решава во битката за Северодонецк.
Зеленски во видеообраќање рече дека битката за Северодонецк е една од најтешките во војната со Русија.
– Северодонецк останува епицентарот на конфликтот во Донбас – нагласи Зеленски.
Во клучниот град каде што со денови се водат тешки борби, останаа меѓу 10.000 и 11.000 цивили, покажуваат извештаи.
Украина вчера тврдеше дека го одбила рускиот напад на својот клучен источен град. Според регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Хајдај, руските сили бомбардирале украински позиции со интензивни артилериски, воздушни напади, а се водат и постојани борби по улиците.