Откако пред неколку дена беше запален влезот клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола настанот беше пренесен во медиумите, актот беше осуден од македонските власти на владино ниво, веднаш беше започната истрага и за само неколку дена осомничениот е уапсен и притворен, истакнуваат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
-Во 2007 и во 2008 година на два пати беше напаѓан клубот на ОМО „Илинден“-ПИРИН во градот Гоце Делчев, беа скршени стакла, исцртани свастики и др. Полицијата одби да започне истрага зашто штетата не била доволно голема, медиумите не соопштија за настанот, властите не го осудија вандализмот и се разбира никој не беше казнет – велат од ОМО „Илинден“-ПИРИН.
Од СВР Битола информираат дека на денес од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола e лишен од слобода Л.А.(34) од Битола.
– Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик – информираат од СВР Битола.