Хрватска

Бројот на жителите во 2021 година во Хрватска се намалил за 9,25 отсто во споредба со последниот попис од 2011 година. Во Хрватска живеат 3.888.529 граѓани, или 396.360 помалку во однос од пред десет години.
Програмата за ревитализација на земјата што ја донесе хрватската влада не донесе резултати, а за програмата „Ја избирам Хрватска“ биле примени 16 барања од иселениците за добивање надомест за враќање во земјата. Од нив биле одобрени пет барања, четири биле одбиени.
Во 2021 година од листата на државјанства биле испишани 154 лица, додека четворица се откажале целосно од хрватското државјанство. Годинава во првите четири месеци бројот на лицата што се откажале од државјанството е двапати поголем.
Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска велат дека почест начин на прекин на хрватското државјанство е бришењето, а не откажувањето. Бришење од државјанството може да се даде за лица што ги исполнуваат пропишаните услови со закон.