Осум претстави во официјална конкуренција на фестивалот годинашното 56-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 3 до 11 јуни во Прилеп, а добитници на наградата за животно дело се актерката Бедија Беговска и драматургот Русомир Богдановски. Ова беше соопштено денеска на прес-конференција од страна на уметничкиот директор на Фестивалот Катарина Коцевска Хаџи Василева.
Во официјалната програма на годинашниот гестивал ќе бидат изведени осум претстави што ги избра селекторот д-р Иван Додовски. Со „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, ќе настапи Народниот театар од Битола, Со „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на ДраганаТаневска, Народниот
театар од Струмица Другите претстави во официјална конкуренција се „Вишновата
градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на
Турскиот театар од Скопје, „Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин
Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп „Јазли“ од Рефет Абази, во режија
на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, „Клетвата на Скотје“од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје, и „Се викам Горан Стефановски“ („My name is Goran Stefanovski“), во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмски театар од Скопје.
– Од поширок пресек на домашната театарска продукција направена во година на продолжени епидемиолошки и други ограничувања, избрав осум претстави. Тие ги одразуваат сегашните дострели на македонскиот театар, кој и тематски и формално ги
испитува можностите за соочување со нашата загрижувачка стварност. Избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат – изјави селекторот д-р Иван
Додовски на прес конференцијата.
Дополнително ќе биде утврдена придружната програма и ќе се знае жирито кое ќе ги додели наградите на 56 – МТФ „Војдан Чернодрински“, кој годинава ќе има намалени
средства во однос на потребните. Ка.М.