Фото: ВМРО-ДПМЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучи да го прифати предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието по 10 мај, соопшти потпретседателот на опозицијата Александар Николоски во изјава за медиумите.

-Сметаме дека животот во национална катастрофа за жал станува секојдневие, ваквата позиција ја донесе токму оваа Влада и тоа ни дава обврска да одговориме на истата. Ваквиот чекор е реакција на акциите на власта. Токму на седницата на извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието, што подразбира блокада на сите штетни закони што доаѓаат од ДУИ и СДСМ. Блокадата ќе стапи на сила во 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба – изјави Николоски.

Денес Мицкоски појасни дека активната блокада ќе се однесува на сѐ во Парламентот, освен на оние закони кои се однесуваат за помошта кон граѓаните за повисоки плати и пензии.