Грција

Зајакнувањето на регионалната соработка во поширокиот регион на Југоисточна Европа и Балканот е одлучувачко за заедничко справување со големите безбедносни предизвици, порача министерот за цивилна заштита на Грција, Такис Теодорикакос, на состанокот на процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Дозволете ми да ги повторам нашата цврста позиција и придонесот на Атина за промоција на европската перспектива на регионот. Нашата основна цел е унапредување на регионалната соработка во сите области, како преку регионалните организации, така и преку различните форми на соработка. Регионалната соработка претставува најефикасно средство за општествено-економски развој и стабилност, безбедност и добрососедство – рече министерот за цивилна заштита на Грција.
Основен приоритет на грчкото претседателство се безбедносните прашања и зајакнувањето на соработката за справување со сите видови закани во регионот: нелегална миграција, организиран криминал, трговија со луѓе, трговија на дрога и оружје, хулиганство и сајбер-напади.