Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Финска и Шведска не можат да влезат во НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ, со што повторно изрази негодување кон политиките на Северноатлантската алијанса, како што беше случајот при почнувањето на оружениот конфликт во Украина.
– Хрватскиот парламент не смее да ратификува ничиј пристап кон НАТО додека не се смени изборниот закон во БиХ – нагласи Милановиќ.
На Милановиќ му е доста од проширувањето на НАТО кон исток
Тој им рече на новинарите дека може да се разговара за влезот на Финска и Шведска во НАТО, но смета дека тоа е „многу опасна авантура“. Финска и Шведска заеднички ќе изразат желба за влез во НАТО во мај, објавија вчера финскиот весник „Илталехти“ и шведскиот весник „Експресен“, повикувајќи се на извори блиски до ова прашање.
И покрај поблиската соработка со воената алијанса откако Русија го анектираше Крим, скандинавските земји решија да останат неутрални во тоа време, но неодамнешната руска специјална операција во Украина предизвика остра пресвртница кај нив. Милановиќ потсети дека не може да одлучува за формален влез на тие земји во НАТО, сметајќи за „многу опасно шарлатанство“.
Заканата на Милановиќ ја промени конечната декларација на самитот на НАТО
„ Што се однесува до мене, нека влезат во НАТО, нека и забодат нож на бесната мечка во очи. Но додека не се реши прашањето за изборниот закон во БиХ, додека Американците, Англичаните, Германците, ако можат и сакаат, не ги принудат Сараевчани и Бакир Изетбеговиќ да го сменат изборниот закон во следните шест месеци и да не им дадат основни права на Хрватите, парламентот не смее да ратификува ничиј прием во НАТО“, рече хрватскиот претседател.