Во текот на вчерашниот и денешниот ден (20/21.04.2022) од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп извршени се претреси на две локации во Прилеп, при што лишени од слобода се две лица.

Имено, како што информураат од МВР, вчера (20.04.2022) во 07.00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Прилеп, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Денеска (21.04.2022) во 07.15 часот од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Прилеп лишен е од слобода А.Ш.(32) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава потенцираат од МВР.
Ка.М.