Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласиле дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија и за Западен Балкан – стои во соопштението.
На средбата било констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји – додаваат од владината прес-служба.