Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.024 тестови, а регистрирани се 41 нов случај на ковид-19, еден починат и 457 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции, соопшти Министерството за здравство.
Од 41 новозаболен, од Скопје се 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.
Починатото лице е од Кичево (89г). Починало во болнички услови.
Од 457 оздравени пациенти од Скопје се 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на ковид-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а на активни случаи изнесува 1.566.