фото: општина Гази Баба

Општина Гази Баба соопшти дека денеска е домаќин на државното првенство во карате за сениори во организација на Карате федерацијата на Македонија.

За отворено државното првенство го прогласи градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

– За мене како градоначалник е чест што токму општина Гази Баба е домаќин на државното првенство во карате. Им посакувам добредојде во Гази Баба на сите учесници на денешното првенство. Општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје и тоа секојдневно го докажува преку организација и поддршка на спортски настани, инвестиции во спортски објекти како и преку финансиска поддршка за спортските клубови и индивидуалните спортисти – истакна Стефковски.