На Граничен премин Табановце е приведено лицето Т.К. (29), кој се обидел со фалсификуван пасош да премине граница, соопшти МВР во денешниот дневен билтен.
-Вчера во 18.20 часот на Граничен премин Табановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, бил приведен Т.К. (29) од Република Македонија, информира МВР.
Во 20.30 часот тој бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.