Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека 66.224 Украинци се вратиле од странство за да се приклучат во борбата против руската инвазија, јавија британските медиуми.
– Толку многу мажи се вратија од странство до овој момент за да ја бранат својата земја од ордата. Ова се уште 12 борбени и мотивирани бригади! Украинци, ние сме непобедливи – напиша Резников во постот на интернет.