Со текот на годините, Оливија Колман стекна навика да избира малку неочекувани улоги. Поранешната ѕвезда на „Пип шоу“, која доби „оскар“ како кралицата Ана во филмот „Омилената“, а потоа глумеше во серија за Сузан Едвардс, убиецот од реалниот живот, која се ослободи од сопствените родители пред да го потроши своето богатство на холивудски сувенири.
Ако се прашувавте која ќе биде нејзината следна голема ТВ-улога, конечно го имаме одговорот. Имено, оваа уметница ја прифати улогата на госпоѓица Хавишем во претстојната адаптација на романот „Големите исчекувања“ во копродукција на „Би-би-си“ и „Еф-екс“.
Доколку не сте го прочитале романот на Дикенс од 1861 година, приказната го следи младото сираче Пип (Фион Вајтхед), кое почнува да заработува пари од анонимен заштитник кога ќе наполни 18 години. Госпоѓицата Хавишем е неверојатно богата и мрачна старица, која момчето го поканила да ја посети во нејзината куќа, каде што ја запознал и се заљубил во нејзината штитеничка Естела (Хејли Скваерс).
Меѓутоа, бидејќи авторот е Дикенс, ништо не е како што изгледа, бидејќи госпоѓицата Хавишем многу години порано била оставена пред олтарот и чувствува долготрајна огорченост кон машката популација.
За сценариото е задолжен Стивен Најт, добитникот на наградата БАФТА, Луси Форбс ќе ја режира серијата, а Том Харди и Ридли Скот ќе бидат извршни продуценти.