Учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ во скопската населба Драчево, традиционално на 15 февруари го одбележуваат својот патронат. На овој ден, нивниот патрон, познатиот македонски преродбеник е роден во 1839 година во Велес, но и починал на овој датум во 1877 година во Москва. Меѓу другите дела, Жинзифов ја напишал биографијата на браќата Миладиновци, со кои се запознал во руската престолнина, издал и збирка поезија, го напишал и првиот расказ во македонската литература „На прошедба“, како и поемата „Крвава кошула“. Рајко Жинзифов секогаш се спротивставува на елинизацијата на населението во Македонија.
Во денешниот број на „Колибри“ објавуваме две творби и еден цртеж на ученици од ова училиште и се надеваме дека соработката ќе продолжи и во иднина.


Преродбеник

Рајко Жинзифов,
нашиот преродбеник млад,
со своите творечки способности
секому му станал драг.
Стихотворби, раскази и поеми,
насекаде
ги искажувал човечките
маки големи, па
со делата свои
како еден од нашите херои се брои.
Со перото в рака,
на сите им испраќал важна порака.

Ивона Радеска 8-г одделение Менторка: Елена Ристевска, наставничка по македонски јазик


Рајко Жинзифов

Во ладен февруари се родил
македонски преродбеник.
Растејќи во семејство
влашко
тој учител станал,
следбеник татков.
Со Димитрија Миладинов,
рака под рака до него,
во далечната 1856-та секого
го сметале за свое чедо.
И историско-филозофскиот факултет го
заинтересирал,
пишувал, преведувал и публицистичката дејност
секаде ја спроведувал.
Но, смртта темна
овој живот млад го згасна.
Ксенофон Ѕинѕиф го напушти рано овој свет,
сепак за македонската
преродбенска дејност,
тој ќе претставува
неовенат цвет.

Матеа Николова 9-г одделение
Менторка: Елена Ристевска, наставничка по македонски јазик