Досега рекордот за број на златни медали на едни ЗОИ со по 14 го држеа Германија, Норвешка (ЗОИ 2018) и Канада (ЗОИ 2010). Норвешка на ЗОИ 2022 освои 15 златни медали, на два дена пред крајот на Игрите во Пекинг
Норвежанецот Јоханес Тингнес Бо победи во биатлонската трка на 15 километри за мажи и го освои својот четврти златен медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и на два дена пред крајот на Игрите во Пекинг рекорден 15-ти за Норвешка на едни зимски игри.
Досега рекордот за број на златни медали на едни ЗОИ го држеа три земји. Германија и Норвешка освоија по 14 златни медали на Игрите во 2018 година во Пјонгчанг, а Канада се најде на врвот со истиот број олимписки титули на ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.
Со победите во биатлон, нордиско скијање, скијачки скокови, нордиска комбинација, брзо лизгање и скијање во слободен стил, победите на Норвешка беа универзални. Таква е нивната длабочина на талент што Норвешка можеше да си дозволи спортисти од калибарот на Јарл Магнус Рибер (нордиска комбинација) и Симен Хегстад Кругер (нордиско скијање) поради ковид-19 во голем дел од Игрите да не настапат и сепак да го надмине рекордот, пишува „Ројтерс“.
Бое, исто така, се израмни со сонародникот Оле Еинар Бјорндален кога го освои својот четврти златен медал на Игрите во Пекинг (има и еден бронзен). Бјорндален го оствари тој подвиг на ЗОИ 2002.
На Игрите во Пекинг има вкупно 109 златни медали, што е повеќе од 102-та на ЗОИ пред четири години и далеку од 16-те понудени на првите Зимски олимписки игри во Шамони во 1924 година. Норвешкиот шеф на мисијата Торе Овребое не е изненаден од успехот на ЗОИ.
– Има неколку причини зошто сме суперсила во зимските спортови. Тоа има врска со форматот на натпреварите. Ние сме добри во спортови со многу настани што овозможуваат да се освојат многу медали, ако сте добри во тие спортови, имате и неколку спортисти што се на врвно ниво во тие спортови. На врвно ниво, ние сме многу, многу професионални – рече Оевребое, пренесе „Ројтерс“.
НАЈМНОГУ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ НА ЕДНИ ЗОИ
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА МЕДАЛИ ЗОИ
Норвешка 15 2022
Норвешка 14 2018
Германија 14 2018
Канада 14 2010