Мартина Хингис, некогаш најдобрата тенисерка на светот, вчера го прослави 38. роденден, објавувајќи дека со сопругот Харолд Леман чека бебе.
-Ви благодарам на сите на роденденските честитки! Среќна сум бидејќи со вас можам да ја споделам веста за тоа дека последен пат славиме двајца…возбудена сум и среќна што наскоро ќе бидеме трочлено семејство-напиша на Твитер без да го објави датумот на раѓањето на бебето.
Хингис е најмладата освојувачка на Гренд Слем. На врвот на женскиот тенис мина 209 недели.
Позната е по прекарот „Швајцарска Мис“ и нескротливиот темперамент на теренот и надвор од него.
Меѓу нејзините поважни спортски резултати се пет освоени Гренд Слем турнири во сингл, девет во пар и еден во мешовит пар.
Минатата година се повлече од активниот тенис и во јули оваа година влезе во втор брак, овој пат со спортскиот лекар Харолд Леман.